Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е загрижен дека повредите би можеле да му ги променат плановите за учество на Светското првенство во Катар, исто како што е тоа со некои од неговите соиграчи.
Пауло Дибала и Анхел Ди Марија заработија повреди пред Светското првенство и Меси е загрижен поради тоа бидејќи смета дека повредите би можеле да бидат најголемиот проблем за него и за неговите соиграчи пред Светското првенство. Меси како капитен ќе ја води Аргентина во Катар, но под знак прашалник е учеството на Ди Марија и Дибала.
„Сето тоа е загрижувачко бидејќи на ова Светско првенство се е поинаку, се игра во различно време и се е толку блиску што секоја ситница што ќе ви се случи може да ве исфрли од првенството. Се надевам дека и двајцата ќе се опорават, имаат доволно време до Мундијалот. Се надеваме дека сите ќе стигнеме таму здрави“, изјави Меси.
Светското првенство во Катар почнува на 20. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА