Лионел Меси наводно е бесен откако беше суспендиран од МЛС лигата на еден натпревар, поради тоа што не играше на неодамнешниот Ол-стар натпревар.
Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, откри како се чувствува познатиот Аргентинец во врска со оваа одлука за натпреварувањето.
„Тој е навистина лут, бесен е, како што можете да замислите. Се надевам дека ова нема да има долгорочни последици. Дали ќе има краткорочно влијание, во однос на тоа играчите да научат како функционираат правилата на лигата? Не се сомневам во тоа“, рече Мас.
Заедно со Аргентинецот, Жорди Алба исто така ќе го пропушти следниот натпревар од лигата, исто така од истата причина. И двајцата ќе го прескокнат многу важниот натпревар на Интер против лидерот во Источната конференција, Синсинати, во кој тимот од Флорида, со евентуална победа, би можел да се приближи до првото место.
Правилата на лигата диктираат дека играчите кои се поканети на Ол-стар натпреварот и не се појават, а немаат соодветен медицински изговор, автоматски се суспендираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

