Меси: Жозе Мурињо е еден од најдобрите луѓе кои ги имам запознаено, штета што не соработувавме

Славниот Аргентинец Лионел Меси проговори кои тренери многу ги почитува, а никогаш немал шанса да соработува со нив. Изненадувачки покрај Сер Алекс Фергусон на оваа листа се најде и најомразениот тренер на навивачите на Барселона Жозе Мурињо.

„Ги почитувам и сите други тренери, но имав посебна почит кон Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Се сеќавам дека Сер Алекс ме прегрна и ме бакна во чело дури и откако го победивме неговиот Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите. Во тоа време ми кажа работи што не ги разбирав, но неговиот говор на телото ми покажа колку е одличен човек“, вели Меси.

Пофални зборови има и за Жозе Мурињо…

„Многу го сакам. Ме насмејува секогаш кога се соочувам со неговите тимови. Секогаш смислува нешто за да ме насмее. Кога беше во Реал Мадрид, двата тима се загреваа, тој ми рече: „Еј Лео, носиш погрешен дрес и си на погрешна страна. Оди во соблекувалната, земи бел дрес и придружи му се на Кристијано на тренинг.“ Сите се смееја додека тој ме влечеше за рака. Секогаш кога играв против неговите тимови, против Интер или Реал Мадрид, тој секогаш беше многу смешен, но и добар човек. Знаеше да ме тргне настрана и да каже нешто што не можам никому да го кажам“, изјави Меси. 

Се вчитува...