Лионел Меси, капитенот на Аргентина, по мечот со Хрватска кажа дека иако не биле меѓу топ фаворитите, само тие знаеле што можеле на овој Мундијал, и тоа го покажале.
Меси, кому ова му е последен Мундијал, ќе добие шанса да се бори за пехарот, вторпат во неговата кариера, откако го загуби финалето во 2014 година на СП во Бразил.
„Знаевме дека не сме меѓу топ кандидатите, но знаевме дека никому нема да дадеме ништо. И тоа го покажавме од меч во меч. Вечерва покажавме нешто спектакуларно. Не знам дали ова е нашиот најдобар Муиндијал, но ќе уживаме во ова. Бараме од луѓето да веруваат во нас, затоа што ние знаеме што можеме. Претпоставувам дека сега сите Аргентинци лудо слават. Многу измешани чувства, многу возбуда за сите нас. Да ги гледам луѓето кои не поддржуваат низ ова светско првенство е нешто непроценливо. Одиме на тој последен натпревар, по она што го сакаме“, рече Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА