„Месифорија“ во Катар (ВИДЕО)

Аргентинската репрезентација слета во Катар каде ќе ги заврши последните подготовки пред првиот натпревар на Светското првенство. Истото е последна шанса за Лео Меси да стигне до трофејот кој му недостасува од витрините, а легендарниот фудбалер самиот по себе предизвика голем интерес во јавноста.

На улиците се појавија голем број на симпатизери, а обезбедувањето имаше тешка задача да го испрати до автомобилот.


Аргентинците кои во групната фаза силите ќе си ги одмерат со Мексико, Полска и Саудиска Арабија, првиот натпревар ќе го одиграат на 22.11, а за противници ќе ги имаат саудиците.

Се вчитува...