Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ е пред заминување од редовите на Олимпија Милано ова лето со оглед на фактот дека воопшто не ја добива посакуваната минутажа од страна на Еторе Месина.
Италијанските медиуми веќе извесен период пренесуваат дека Димитријевиќ е пред заминување, а прв кој го посакува е поранешниот негов клуб руски Уникс Казан. Од Уникс Казан откриваат дека го посакувале македонскиот кошаркар уште пред плеј-офот но Месина не дозволил.
„Димитријевиќ има договор со Милано и за следната сезона, и тоа е навистина проблем во желбата да го доведеме во нашите редови. Јасно е дека Нено сака да игра повеќе, ние се обидовме да го доведеме и пред актуелниот плеј-офот, но Месина беше тврдоглав и не го дозволи тоа. Очигледно е дека Месина не ја сака Русија иако многу години со успех работеше тука“ – вели спортскиот директор на Уникс Казан, Евгениј Богачев, и дополнува:
„Јасно е дека Димитријевиќ е во година во кои мора да има минутажа, а на да седи на клубот. Ова што сега му се случува е во најмала рака некоректно, и може да влијае на неговата кариера. А, дали ние ќе се обидеме пак да го доведиме ќе видиме летово“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА