Легендарниот Еторе Месина, спортскиот директор на Олимпија Милано, уште еднаш изрази верување дека проектите на Евролигата и НБА Европа треба да бидат обединети.
На прославата по повод 100 години од италијанската репрезентација, Месина зборуваше за потребата од промени во европската кошарка.
„Се надевам дека НБА, Евролигата и ФИБА ќе постигнат договор. Ова би донело единство и повеќе логика во календарот на натпреварите, а во исто време клубовите би престанале да бидат машини за губење пари“, рече Месина .
Тој откри и кој е проблемот на тимовите од Евролигата.
„Во Европа, се бориме бидејќи зависиме од важни личности како Џорџо Армани. Јасно е дека ова ја отежнува ситуацијата“, додаде Месина.
Патем, неговата изјава доаѓа веднаш откако беше објавено дека челниците на Евролигата, НБА и ФИБА ќе одржат состанок во наредните денови за да разговараат за потенцијално создавање заедничка лига, наместо модел што би вклучувал две континентални првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

