Месина како Мурињо: Треба ли постојано ве потсетувам дека имам 35 освоени титули?

Милано им се врати на победите во Евролигата откако го доби натпреварот против Ефес на домашен терен со убедливи 92-76. Триумфот наиде на големо задоволство кај тренерот Еторе Месина кој во изминатите недели наиде на големи критики.

Искусниот италијански тренер на пресконференцијата за медиуми изјави дека не се грижи за критичарите бидејќи ја има поддршката од клубот, а притоа и дека понекогаш сака да биде како легендарниот фудбалски стратег Жозе Мурињо и да ги потсети сите дека во кариерата има освоено 35 титули.

„Мислам дека имам целосна поддршка од господинот Армани и тоа е многу важна работа за самиот клуб и играчите. Играчите чувствуваат кога тренерот не ја има целосната поддршка од раководството, но тоа не е случајот во овој клуб. Прочитав многу коментари и тоа многу анонимни и мислам дека не треба многу да обрнувам внимание на тоа. 

Го прашав господинот Армани дали организацискиот модел кој го направив пред пет години и понатаму е добар. Тој рече „да“ и јас се вратив на работа. Искрено, понекогаш сум во искушение да бидам како Мурињо и кога се наоѓам во вакви ситуации сакам да ги потсетам сите на бројот 35. Толку титули освоив во мојата кариера“, изјави Месина.

Се вчитува...