Македонскиот репрезентативец Ненад Димитрјевиќ и втор едноподруго меч не доби можност од Еторе Месина за настап во Евролигата.
Милано во последниот свој меч сезонава во Евролигата кој беше без никакво резултатско значење победи со Басконија. На прашање зошто Димитријевиќ не беше воопшто во составот, Месина со краток одговор.
„Тоа беше чисто моја техничка одлука“ – изјави Месина.
Нено Димитријевиќ сезонава одигра 27 натпревари во Евролигата, завршувајќи со просек од 7,6 поени, 2,9 асистенции и 1,6 скока.
Според најавите, ова лето се очекува да го промени клубот, токму и несоодветниот третман кој го доби во Милано. За него се заинтересирани евролигашки клубови, но е можно и повторно враќање во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА