По катастрофалниот старт на сезоната проследен со бројни повреда и тешки порази, Милано се врати во игра за позиција која води во разигрувањето за место на Ф4 турнирот на Евролигата. Со 12 победи и натпревар помалку во однос на конкурентите, италијанскиот клуб заостанува три победи зад топ 8 финиш, но има поволен распоред до крајот на сезоната.
А, за престојните натпревари Еторе Месина најверојатно ќе може да смета и на услугите на еден од најдобрите кошаркари, Шејвон Шилдс кој по враќањето на паркетот од повреда повторно се повреди на последниот натпревар на „манекените“ во италијанското првенство.
Првичните инфорамации велат дека не станува збор за обновување на повредата на зглобот и тој ќе помине низ нови тестови за 48 часа, но очекувањата се дека ќе отсуствува само еден до два натпревари.
Medical tests have ruled out any injuries to the left ankle of Shavon Shields, Im told. The 2022 LBA Finals Mvp is expected to only miss one or two games before returning to the court. Olimpia Milano to play this weeks against Real Madrid and Virtus Bologna
— Alessandro Luigi Maggi (@AlessandroMagg4) March 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА