Месина: Ова е една голема „нула“!

Белградски Партизан одигра одличен натпревар триумфирајќи убедливо со 70-90 на гостувањето против Олимпија Милано во 22. коло од Евролигата.

Стратегот на Милано, Еторе Месина очекувано не беше задоволен од прикажаното на својата екипа, потенцирајќи дека енергијата била одлучувачки фактор околу конечниот исход на мечот.

„Имавме нула енергија во вториот дел. Тоа беше една голема нула. Партизан заслужи да победи. Ќе погледнеме каде погрешивме и ќе научиме од ова нешто“ – краток и јасен беше искусниот стратег.

Оваа победа му донесе на Партизан бодовно израмнување со Жалгирис на 11. место, бидејќи и двете екипи сега имаат идентичен број на победи, барем до одигрувањето на преостанатите натпревари од колото.

Се вчитува...