Ненад Димитријевиќ имаше извонредно деби во дресот на Олимпија Милано откако на првото официјално натпреварување неговиот тим стигна до трофејот во Супер-купот на Италија, а токму македонскиот репрезентативец беше избран за МВП на турнирот.
Димитријевиќ се наметнува како вистински лидер на италијанскиот првак, а тренерот Еторе Месина и по вчерашниот триумф над Виртус Болоња во големото финале повторно го пофали нашиот репрезентативец.
„Нено дојде кај нас по две години во Русија каде одличен тренер како Перасовиќ му внесе огромна самодоверба. Мислам дека тоа искуство му помогна да созрее како играч. Тој веќе не е дете, туку маж, Нено е татко… Во овие два дена покажа извонредни работи околу тоа како е способен да ја контролира играта. Лично, мислам декаќе биде уште подобар како што ќе минува времето, кога ќе увиди кон кого ќе треба да ја насочи играта во одредени ситуации, а кон кого во некои други периоди од натпреварите“, изјави искусниот стратег на клупата на Олимпија Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА