Еторе Месина поднесе отставка од тренерската позиција во Олимпија Милано по новата разочарувачка сезона во која италијанскиот евролигаш формираше пеколен состав кој не успева да го покаже потенцијалот.
Четирикратниот освојувач на Евролигата е дел од Милано од 2019 година во кој работеше и како претседател на кошаркарските операции. И покрај тоа што клубот официјално не ја потврди разделбата со трофејниот и искусен стратег италијанските медиуми веќе го знаат и неговиот наследник.
Тоа ќе биде досегашниот помошен тренер Џузепе Поета кој се врати назад во клубот и веќе го предводеше до две победи во евролигашките натпревари против Асвел и Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

