Месина се изнервира: Па не може судиите да не третираат како некои евролигашки почетници

Олимпија Милано на нашиот Нено Димитријевиќ загуби со 83-84 од Олимпијакос во драматичен меч во Евролигата.

Милано во последните моменти од мечот, се чини, не доби очигледен прекршок и беше спречен да дојде до победата. Сето тоа го изреволтира тренерот на Милано, Еторе Месина кој по мечот се осврна и на судењето.

„За шест години во Евролигата никогаш не сум зборувал за судиите после натпревар, но не можам повеќе некои работи да ги премолчам. Па, ние како клуб и како тим сме третирани како некои почетници во Евролигата. Некој чуден однос кон нас кој не може да се објасни. Никола Миротиќ, пак, е третиран од судиите како некое последно, најневажно, момче од евролигашките почетници“ – рече Месина.

Се вчитува...