Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина ја прокоментира ситуацијата во Евролигата сезонава истајнувајќи дека е најизрамнетата во историјата на натпреварувањето.
Славниот италијански стратег и ученик на Александар Николиќ смета дека осум тима во плеј-офот е премалку за ваква Евролигата.
„Веќе го кажав тоа пред две или три години. Можеби бев и првиот со таков став. Мора да размислиме за друг формат за плеј-офот. Само осум од 18 тимови продолжуваат понатаму, тоа не е фер. Кога ќе погледнете каква е ситуацијата навистина е израмнет квалитет кој наложува малку поразлично плеј-оф разигрување“ – вели Месина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА