Ненад Димитријевиќ покажува дека ќе биде огромно засилувње за тимот на Армани Милано, откако вчера постигна најмногу поени во победата на својот тим против Венеција во Супер-Купот на Италија во победата од 73-62. Со тоа неговиот тим се пласираше во финалето.
По натпреварот тренерот на „манекените“ Еторе Месина имаше само пофални зборови за најдобриот македонски кошаркар…
„Имам само пофални зборови за Нено, ние и кога го купивме знаевме за каков играч станува збор. Тој дојде кај нас како лидер на Уникс Казањ. Тој е кошаркар кој може да пополни повеќе позиции и ќе ни биде од голема помош сезонава“, изјави Месина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА