Кипарската судијка во ритмичка гимнастика Евангелија Трикомити е суспендирана на четири години поради манипулација со резултатите на Европското првенство во ритмичка гимнастика одржано во мај 2024 година за да може нејзината сонародничка да се пласира на Олимписките игри во Париз!
Фондацијата за гимнастичка етика (ГЕФ), тело основано од Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ), го истражи случајот и откри дека Евангелија Трикомити ги наместила резултатите за кипарската гимнастичарка Вера Туголукова да има доволно добри резултати за да се квалификува за Олимпијадата во Париз.
Родената Русинка, Вера Туголукова почна да настапува за Кипар во 2022 година, а на Европското првенство, сега знаеме со измама, го зграпчи последното место на Игрите завршувајќи го натпреварувањето пред Полјачката Лилијана Левинска.
Истрагата покажа дека Трикомити, која беше претседател на судиската комисија, манипулирала со оценките на судиите. Ова првпат го истакна Здружението за гимнастика на Полска, откако некои судии изразија сомнеж за регуларноста на резултатите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

