Местење или нешто друго: Среде тајбрејк отиде да си го провери телефонот (видео)

Неверојатна случка го одбележа финишот од мечот од второто коло во турнирот во Монпелје, францускит дуел меѓу Уго Умберт и ветеранот Адриан Манарино.

Резултатот беше 1-1 во сетови, во решавачкиот сет се играше тајбрејк, а Умбер водеше со 4-3 и требаше да сервира два пати во низа.

И тогаш се случи нешто навистина чудно, Умбер наместо да сервира се упати до својата клупа, за да го провери мобилниот телефон. Многумина беа шокирани од она што се случуваше, а 27-годишниот Французин по враќањето на терен ги загуби следните четири поени, со тоа и мечот.

Очекувано, веднаш се појавија обвинувања дека станува збор за намерен пораз, а Умбер одби да одговори зошто токму во клучните моменти тргна по мобилниот телефон, наместо да се фокусира на завршницата на мечот.

Се вчитува...