Фудбалерите на Силекс посакуваа убав европски сон во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите против азербејџанскиот Карабах, но во Баку доживеаја „кошмарен натпревар“. Кратовци загубија со убедливи 4-0 (2-0) по што ги завршија своите настапи во ЛШ.
Азербејџанците победата ја најавија уште во 11. минута по акција во три потези која успешно ја круниса со гол Шпанецот Хами Ромеро.
Во 20. минута Тантуровски имаше одлична шанса за израмнување, шутираше од 15 метри но за малку покрај левиот дирек од голот на домашните.
Карабах дојде до водство од 2-0 со сомнителен погодок на репрезентативецот на Хаити, Гуерер. По нафрлањето од Урош Матиќ од десната страна, голманот на Силекс Даниел Божиновски беше под прекршок во својот шеснаесетник, топката дојде до Гуерер кој погоди во празната мрежа. Украинските судии не сметаа дека има прекршок врз Божиновски, па беше заверено 2-0…
На 3-0 зголеми повторно Гуерер во 51. минута од натпреварот, со својот втор погодок…
Во продолжението Силекс има шанси преку Ивановски во 63. минута и Тантуровски во 64. минута, но домашниот голман убаво брани не дозволувајќи гол за македонскиот тим.
За да, потоа следи и нов гол за домашните фудбалери кои преку Емрели во 80. минута заокружија на конечни 4-0 и пласман во следната рунда квалификации во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА