Месут Озил бира меѓу Турција и САД

Месут Озил на крајот на сезоната и дефинитивно ќе го напушти Арсенал. Германскиот интернационалец на „Емирејтс“ е од 2013 година кога премина од редовите на Реал Мадрид, а во последните неколку сезони не е во милост на менаџерите и навивачите на Арсенал.

Британските медиуми пренесуваат дека Германецот на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот иако има уште една година од актуелниот договор. Двете првенства од кои разгледува понуди Озил се турската и американската.

Тој во минатото се поврзуваше и со тимови од други шампионати, но сепак неговата последна одлука е дека кариерата сака да ја продолжи или во Турција или во САД. Озил сезонава во дресот на „топчиите“ запиша 18 настапи на кои постигна само еден гол и забележа две асистенции.

Се вчитува...