Месут Озил ќе го наследи Вејн Руни во ДЦ Јунајтед?

Англискиот ветеран Вејн Руни во јануари 2020 година ќе се врати на Островот и ќе стане играч – тренер на Дерби, а од Островот кон главниот град на Соединетите Американски Држави би можел да замине германскиот интернационалец Месут Озил. Играчот за врска на Арсенал добил понуда да потпише за ДЦ Јунајтед и сериозно размислува да ја прифати оваа покана.

Озил има договор со Арсенал до јуни 2021 година, но подолг период најавува заминување од „Емирати“. По разочарувачката сезона тој доби и многу критики за игрите во дресот на „топчиите“. Ова лето се споменуваше и негов можен трансфер во турскиот клуб Фенербахче, но сепак одлучи да остане во Арсенал.

Се вчитува...