Екипата на МЗТ Скопје дојде до седмиот триумф во осмото коло од Првата лига, откако попладнево на свој терен лесно го добија дуелот со Еуроникел. Кавадарчани имаа сили само за првата четвртина кога беше речиси израмнето, а потоа „металците“ ја презедоа инцијативата, и само го зголемуваа водството кое на крајот изнесуваше 26 разлика (77-51).
По првата четвртина предност од само два разлика на „металците“ (17-15), а во втората веќе ја направија разликата која беше клучна за победата. Така на полувремето МЗТ замина со предност од 11 поени (38-27).
Продолжи таквата игра на МЗТ и во третата четвртина која ја доби со 20-10, по што во последната и мало опуштање, но и таа ја доби со 19-14 за конечен триумф.
Дамјан Робев со 17 поени беше најефикасен, еден помалку имаше Јигитоглу. Планиниќ кај Еуроникел со 15 беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА


























