„Металците“ очекувано го преслушаа Шкупи

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром е можеби инфериорен во АБА – лигата против Црвена Звезда, но затоа е пресилен за Шкупи во домашниот шампионат. „Металците“ го совладаа ривалот со 99-62, и остварија очекуван триумф во рамките на 13.коло од Првата лига. Тоа е десетта победа за МЗТ Скопје во домашното првенство.

Избраниците на Жељко Лукајиќ ја добија првата четвртина со 33-12 и веднаш покажаа на чија страна е квалитетот. До крајот, разликата уште повеќе се зголеми.

Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Бојан Трајковски со 17 поени, а се истакна младиот Андреј Настовски кој беше стрелец на 16 поени. Кај Шкупи, Илија Ристовски уфрли 13 поени.

 

Се вчитува...