Ракометарките на Металург Автокомадна доживеаја пораз на гостувањето во Турција кај Гореле со 36-28 во првиот натпревар од двомечот во првото коло од Европскиот куп.
Турчинките беа подобар противник во првото полувреме, па на пауза заслужено заминаа со предност од четири гола (17-13). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф на домаќинките од 36-28. Марија Јанкуловска со девет гола беше прво име во таборот на нашиот тим, додека кај победникот со ист број голови заврши Ајсенур Кара.
Реваншот меѓу овие два тима ќе се одигра во понеделник исто така во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА