Ракометарите на Металург триуфираа против Струга со 35-28 активирајќи се сериозно во трката за третото место во плејофот од Суперлигата.
На денешниот дуел „металурзите“ постојано беа во предност најавувајќи ја победата уште со предноста од 17-13 на полувремето. Во вториот дел само рутински се контролираа играта и резултатот за конечен триумф.
По денешните бодови, Металург со 11 бода се израмни на делба на четвртата позиција со Бутел. На третото место е Пролет со 12 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА