Металург двете средби со Висла ќе ги игра во Полска

Двата натпревари од Лигата на Европа меѓу Висла и Металург што требаше да се одиграат во наредниот период ќе се играат на теренот на полскиот вицешампион.

Ова денеска го објави раководството на Висла, обелоденувајќи дека двете средби со Металург ќе бидат одиграни во Плок на 14 февруари и на 16 февруари.

„Менаџментот на Металург го прифати нашиот предлог, за да се намали ризикот од зараза од коронавирус, двете средби од Лигата на Европа да ги играме во нашата сала“, објави Висла.

Металург досега одигра само три средби од ЛЕ, бележејќи едно реми и два порази, додека Висла е лидер на групата со четири победи на досегашните четири одиграни средби во ова европско натпреварување.

Се вчитува...