Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ, подготовките за новата сезона ќе ги почне кон крајот на јули, најверојатно на 25. или на 26. јули. Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6. до 12. август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.
Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15. до 19. август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22. до 25. август. Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.
„Нашите обврски во македонската Суперлига ќе почнат со одигрување на првото коло, кое е планирано на 7/8 септември, но претходно ќе треба да се одигра Суперкупот, за чија дата на одигрување ќе се постигне договор со Вардар“ – велат од РК Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА