Металург ја заврши првата фаза од подготовките, се пресели на Копаоник

Металург ја заокружи првата фаза од подготовките, што ги одработи во Скопје. Тимот се пресели на Копаоник (Србија), каде што од 6 до 12 август ќе ги одработи висинските и базичните подготовки.

Со доаѓањето на Иракли Кбилашвили, тренерот Дамир Стојановиќ ги има на располагање сите ракометари, освен репрезентативците кои се дел од кадетска селекција.

На листата на повредените е само десното крило Реваз Чантурија, кој има повреда на задната ложа и кој во следните две седмици ќе тренира во лесна форма. Чантурија исто така ќе замине на подготовките на Копаоник.

Се вчитува...