Металург ја забележа втората победа во ракометниот плејоф откако попладнево триумфираше на скопската пресметка со Пролет со убедливи 29-22. „Металурзите“ одиграа извонредно второто полувреме во кое го декласираа противникот, одмаздувајќи се на тој начин за поразот во првото коло од плејофот.
Двата тима тргнаа ефикасно во нападот, а Металург прв стигна до два гола предност (5-3 и 6-4). Гостите возвратија со три гола во низа и поведоа за момент, но Металург со неколку гола во низа стигна до предност од 10-7. Пролет успеа да се консолидира во одбраната, проработе и нападот, а по ситуацијата со две исклучувања на Металург (Маркоски и Дупјачанец) гостите набрзина стигнаа и до водство од 10-12. Новиот тајмаут на Иван Марковски придонесе „металурзите“ да се вратат, па по одбранетиот пенал на Дупјачанец по обидот на Пецаковски домаќините заминаа на одмор со водство од 13-12.
Металург поведе со 14-12 на самиот почеток од вториот дел, по што Ангелов одбрани два зицер-удари на Поповиќ, помагајќи Пролет да се врати и да израмни на 14-14. Серијата грешки на Потиќ во гостинскиот табор им овозможи на металуезите“ да влезат во нова серија и набрзина да поведат со 19-15. Матлиески задоцни со тајмутот земајќи го дури откако противникот поведе со 20-15, потоа го повлече Ангелов од голот, но Металург веќе беше влезе во серија, лесно ја одржи предноста до самиот крај и на крајот да триумфира со убедливи 29-22.
Златко Хорват ги предводеше стрелците на натпреварот со девет погодоци, шест постигна Серафимов, додека најефикасни кај Пролет беа Пецаковски и Палевски со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА