Ракометарите на Металург по вчерашното реми против Фајверс во Лигата на Европа, стигнаа до лесна победа во домашниот шампионат против Младост Богданци (37-26) и тоа без помош на странците во тимот.
Гостинот беше во игра само негде до 10. минута кога имаше негатива од 5-4, а потоа тргна „машинеријата“ од Автокоманда и до полувремето имаа предност од 21-10. Во второто полувреме избраниците на Димитриоски рутински ја довршија работата за конечни 37-26.
Александар Петковски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Саша Михајловиќ заврши со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА