Металург не покажа милост кон Пелистер

Металург се зацврсти на првото место во Супер-лигата откако поранешниот првак на Македонија лесно и убедливо го совлада Пелистер со убедливи 35-18. Зоран Кастратовиќ ги користи последните средби пред плејофот за воигрување на тимот, шанса им дава на сите ракометари, кои му возвраќаат на тренерот на „металурзите“ со максимален ангажман во текот на сите 60 минути.

Тоа беше случај и на денешниот дуел со „пелистерци“, на кој гостите од Битола во првото полувреме постигнаа само осум погодоци, а Металург замина на одмор со предност од „плус седум“ (15-8). Интересно е што резултатот во 22. минута гласеше 8-8, за потоа Металург до крајот на полувремето да направи серија од 7-0. Тимот на Кастратовиќ продолжи да доминира и во вторите 30 минути, првата двоцифрена предност ја имаше при 24-14, за потоа во завршницата да стигне до преубедлив триумф.

Чантурија беше прв стрелец на победничкиот тим со шест гола, додека Јагуриновски, Чантурија и Поповиќ постигнаа по четири погодоци.

Се вчитува...