Македонскиот вицепрвак Металург стигна до минимален триумф над Татран Прешов (31-30) во СЕХА – лигата, иако во текот на мечот имаше и двоцифрена предност. Но, избраниците на Јовиќ играа со многу осцилации во текот на дуелот, и можеа да си го загрозат и триумфот.
Младиот тим очигледно дека има проблем да ја задржи концентрацијата во текот на сите 60 минути. На стартот поведоа со 4-2, потоа зголемија и на 12-8, а на полувреме заминаа со пет гола позитива (18-13).
Во вториот дел, „металурзите“ имаа и предност од 25-15, но потоа следеше огромен пад во играта. Тоа Татран Прешов го искористи за да стигне и до минимален пораз.
Најефикасен ракометар во редовите на Металург беше Јагањац со девет гола, додека Кузмановски, Пешевски и Токиќ постигнаа по пет. Кај Татран Прешов, Бруно Буторац беше одличен со 11 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА