Металург по серијата заминувања во изминатите триесетина дена конечно донесе нов ракометар, кој ќе биде големо засилување во плејофот, во борбата за места кои ќе водат во ракометна Европа во наредната станува. Станува збор за црногорскиот интернационалец Василије Калуѓеровиќ, кој настапува на позициите лев и среден бек и кој во текот на следната седмица ќе му се стави на располагање на тренерот Димитриоски.
Калуѓеровиќ потпиша за Металург од редовите на шведскиот прволигаш Гуиф, каде минатиот месец со шест гола и шест асистенции беше најзаслужен за победата над шампионот Кристијанштад.
Црногорецот претходно има настапувано за Извиѓач, тим за кој беше стандарден во настапите во СЕХА-лигата, постигнувајќи 56 гола на 18 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА