Ракометарите на Струга приредија сензација во Суперлигата откако усепаја да му одземат бод на Металург на домашен терен (28-28). Гостите од Скопје имаа предност и од пет гола во текот на натпреварот, но опуштањето на крајот на средбата на „сино-белите“ го искористија домаќините.
Првото полувреме мина во доминација на гостинските ракометари, кои заминаа на одмор со водство од 13-18 и се чинеше дека „металурзите“ рутински ќе стигнат до бодовите. Ваквата позитива се одржуваше се до последните десетина минути (20-25), кога Струга одигра извонредно во самата завршница и со голот на Ракочија стигна до голем бод.
Богдан Николиќ беше предводник на домаќинтие со 7 погодоци, додека него го следеше Вукашин Ракочија со 5 погодоци. Кај гостите од Скопје Василије Калуѓеровиќ натпреварот го заврши со 8 погодоци, додека еден помалку додаде Златко Хорват.
Во ова реми Металург дополнително си ја искомпликува трката за излез во Европа откако загуби во првото коло од Тинекс Пролет. Во следниот натпревар скопскиот состав го пречекува Еурофарм Пелистер 2, додека Струга гостува во Скопје против Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА