Коронавирусот повторно влезе во таборот на Металург, поради што на членовите на клубот од Автокоманда повторно им беше наложено да заминат во карантин.
Последните тестирања кај „металурзите“ покажале два нови позитивни случаи, по што од Центарот за јавно здравје биле издадени решенија за карантин до 16 декември. Ова практично значи и ново одлагање на европските натпревари на Металург, како и на наредните дуели од Супер-лигата што требаше да ги игра оваа екипа.
„Металурзите“ веќе имаа договорено двата меча со Чеховски Медведи да ги играат во Русија на 8 и на 11 декември, но со најновата ситуација јасно е дека овие натпревари ќе мора повторно да се презакажуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА