Ракометниот вицепрвак Металург го доживеа третиот пораз во петтиот натпревар на подготовките во Франција. Екипата на Сан Рафаел го искористи домашниот терен и славеше со 35-31 (16-15).
Како што информира македонскиот клуб на официјалниот сајт, натпреварот бил изедначен во првото полувреме, но во второто домашните брзо оствариле недостижно водство за ракометарите од Автокоманда.
Најефикасни во составот на Металург беа Александар Шпенде со осум гола, Миличевиќ со седум и Токиќ со пет погодоци.
Тимот на Металург на турнејата во Франција беше без тројцата репрезентативци Танковски, Серафимов и Лазаревски, како и без повредените Димитриоски и Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА