Металург продолжува со екипирањето на својот состав. Денеска, свој потпис на договорот со клубот од Автокаманда стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро. Рибеиро (30 г, 181 см, 76 кг) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.
Матичниот клуб на новиот ракометар на Металург, Сао Бернардо од каде потоа замина во Мадеира и таму остана се до минатата сезона кога се пресели во екипата на Хари Ап од холандското првенство. Проблемите со Ковид-пандемијата беа причина што Рибеиро минатата сезона одигра само 13 средби на кои постигна 33 гола. Рибеиро, покрај својата левокрилна позиција, одлично се снаоѓа и на позиција среден бек, а со Металург потпиша договор на две години.
Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА