Металург потпишува договори со Пучник и со Рибеиро

Ракометниот вицепрвак на Македонија, Металург, потпишува договори со двајцата играчи кои беа на проба, Словенецот Миха Пучник и Португалецот Гочало Рибеиро. Пучник останува до крајот од оваа сезона, а Риберио во клубот ќе биде и следната сезона.

Пучник игра на позицијата лев бек и во изминатите три сезони настапуваше за белгискиот Ахил Бохолт. Претходно во Словенија играше за тимот на Марибор и за Горење.

Се вчитува...