Металург со победа ја заврши оваа натпреварувачка сезона, откако актуелниот вицепрвак славеше на гостувањето во Битола против Работник со резултат 22-24. Слично како и пред еден месец против Пелистер, „металурзите“ наидоа на сериозен отпор од битолчани (тогаш од Пелистер), но тимот на Лино Червар сепак успеа да стигне до цел плен во салата „Младост“.
По израмнетите први десетина минути, Металург почна да доминира во вториот дел од првото полувреме, па тимот на Лино Червар замина на одмор со убедливи 7-11. Битолчани успеаја да намалат само на два гола разлика (13-15), „металурзите“ искусно ја сочуваа предноста до самиот крај и заслужено триумфираа. За Металург ова е деветти триумф во десетте средби од плејофот, сепак недоволно за шампионска титула поради послабата гол-разлика во меѓусебниот скор со Вардар.
Филип Кузмановски одигра одличен натпревар и со седум гола беше најефикасен кај Металург, пред уште еден битолчанец, Стефан Дрогришки со четири погодоци. Најдобар поединец кај Работник во последниот натпревар сезонава за битолскиот клуб беше Петровки со пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА