Металург само со десет играчи ќе му се спротистави на Пролет во премиерниот натпревар од новата сезона во ракометната Суперлига. Како што информира претседателката на клубот, Зорица Блажевска навреме не се стигнати лиценци за сите ракометари, па денеска нема да може да сметаат на засилувањата Рибеиро, Мане и Озтук.
„Колку сме толку сме, нема да се предадеме. Нас ни останува да направиме неколку интернационални трансфери за да се засилиме до следен преоден рок и да вклучиме уште некој млад играч од младинските категории. Не е лесно, но ќе се истрае. Болен рез кој еднаш мора да се направи за иднината“, потврди претседателот на клубот Зорица Блажевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА