Грузискиот супер-талент Иракли Кбилашвили е најновото засилување на Металург.
21-годишниот Кбилашвили, висок 210 сантиметри, се смета за еден од најперспективните млади играчи на Грузија кој остави одличен впечаток на IHF Emerging Nations турнирот, што пред неколку дена заврши во Грузија. На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола. За потписот на Кбилашвили беа заинтересирани повеќе клубови, но тој во иднина ќе го носи дресот на Металург.
Кбилашвили е втор Грузиец во редовите на тимот од Автокоманда, по Реваз Чантурија, кој претходно потпиша за Металург.
Младиот Кбилашвили игра на позиција среден бек и ќе ја дели минутажата со Лука Стојановиќ.
Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург за новата сезона, по Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија, Маријан Мариќ и Даниел Ѓоргески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА