Металург сериозно ослабен во новиот европски предизвик

Екипата на Металург со денешното гостување против Чеховски Медведи во Русија ги продолжува настапите во рамките од Лигата на Европа. Поранешниот македонски првак ќе ја има улогата на апсолутен аутсајдер на оваа средба, со оглед на фактот дека тренерот Димитриоски нема да може да смета на неколку ракометари поради коронавирус и поради повреди.

Ако на ова се додаде дека „металурзите“ минатиот месец се разделија од тројца интернационалци, Потиќ, Мариќ и Канкараш, јасно е дека опциите на Димитриоски за овој меч се крајно лимитирани. Металург замина за Русија со само 11 ракометари, па предизвик за тимот од Автокоманда ќе биде да се избегне катастрофален пораз.

„За Москва одиме без притисок, ќе дадеме сѐод себе да одиграме најдобро што можеме и да се претставиме во најдобро светло“, вели капитенот на Металург. Пред нас е тежок период на бројни европски натпревари, но решени сме да одговориме на предизвикот и да прикажеме добри игри“, порачуваат од таборот на Металург.

Мечот меѓу Чеховски Медведи и Металург стартува во 18 часот.

Се вчитува...