Ракометниот клуб Металург службено ги загуби петте натпревари кои беа одложени, по суспензијата од ЕХФ поради долгови кон Александар Шпенде и Зоран Кастратовиќ. Резултатите во мечевите против Вардар, Радовиш, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел се регистрирани со победа на противниците на тимот од Автокоманда со 10-0, а на Металург вкупно му се одземени пет бода (по еден за секој натпревар), стои во билтенот на ракометната федерација на Македонија.
Металург службено ќе го загуби и мечот против Скопје кој требаше да се одигра викендов во последното 22. коло од првиот дел од сезоната во ракометната Суперлига.
Металург ќе мора да ги подмори долговите во вредност од 25.000 евра до крајот на неделава како краен рок за да може да им се тргне суспензијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА