Металург славеше против битолски Пелистер со 28-26 (11-14) на стартот од Суперлигата во разигрувањето за шампионската титула.
„Металурзите“ до триумфот стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако првиот дел со три гола предност (11-14) им припадна на гостите од Битола. Пелистер во првото полувреме имаше предност и од дури пет гола, 8-13 но не успеа да го задржи ритамот во второто полувреме.
Од почетокот од вториот дел домашните во континуитет ја анулураа предноста за да дојдат конечно до водство од 21-20, а потоа на три минути пред крајот да се дојде и до предност од 27-23 за Металург кои во финишот рутински се одржуваа за конечна победа од 28-26.
Најефикасен кај Металург беше Танкоски со осум гола, Шпенде постигна пет, додека во редовите на Пелистер по осум гола запишаа Станојевиќ и Кобетиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА