Ракометарите на Металург стигнаа до триумф со пресврт во шестиот свој натпревар од плеј-оф разигрувањето во Суперлигата на Македонија, славејќи на гостувањето против Пелистер во Битола со 37-41.
Во натпревар со дури 78 погодоци, „пелистерци“ одиграа квалитетно прво полувреме кое го добија со 21-17, но во вториот дел одличен втор дел за Металург кој го доби со осум гола предност за на крајот сосема заслужена победа.
Бутел, пак, сосема неочекувано славеше убедлива победа против Тинекс Пролет од 29-20 (15-11) запишувајќи ја првата победа во петтиот натпревар во плеј-офот.
Најдобри стрелци кај Бутел беа Мајиќ со девет и Григорјев со шест погодоци. Кај Пролет, пак, Андоновски и Манасков постигнаа по пет гола. Во следното коло Бутел ќе игра дома со Пелистер, додека Пролет ќе го пречека Вардар.
Ова за ракометарите на Тинекс Пролет, пак, е четврти пораз во шестиот меч, наспроти две победи.
На првенствената табела, Металург сега со 12 бода, од шест натпревари (четири победи и два порази) се израмни на врвот со Еурофарм Работник но битолчани имаат и натпревар помалку. Вардар има 9 бода но од само три одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА