Катастрофален старт на поранешниот македонски шампион Металург на стартот од новата сезона во Суперлигата на Македонија. Во третото ракометно коло, „металурзите“ и третпат поразени сезонавам овој пат со 28-29 од Еурофарм Пелистер 2.
Иако низ израмнет натпревар во текот на сите 60 минути, сепак на крај пораз за Металург кој ги живее најтешките своите денови.
Металург имаше предност на полувремето од 17-16, но во второто полувреме гостите ја насочија играта во своја полза па заокружија за конечни 28-29 и три бода од Скопје.
Најефикасен во победничкиот тим со осум гола беше Цветан Кузманоски, а пет погодоци запишаа Петровиќ и Ѓукиќ. Кај Металург Халил Озтурк постигна седум гола, а шест погодоци запиша Хорват.
Ракометарите на Бутел, пак, во драматичен натпревар до самиот крај извојуваа победа од 22-21 против Тиквеш.
За Бутел ова е втора победа во третиот натпревар на стартот од новата ракометна сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА