Металург подготовките за новата сезона ќе ги започне на 26 јули, а првиот тренинг е закажан во Автокоманда, со почеток во 18 часот. Подготовките ќе се одвиваат во три фази: Најпрво, од 26 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје (вклучувајки ги и задолжителните медицински прегледи на Институтот за Медицинска Физиологија Скопје).
Во втората фаза, од 3. до 16. август, планирани се висински подготовки во Маврово (физичка и техничко-тактичка подготовка на екипата), како и учество на Металург на Струшкиот турнир.
Во третата фаза, од 17 август до 5 септември, се до првото квалификациско коло во Лигата на Европа, подготовките ќе продолжат во Скопје.
Подготвителниот период ке трае 42 дена, во кои е предвидено да се одработат 49 тренинзи на кои, пак, ќе се работи на комбинација на физичка подготовка, техничко-тактичка подготовка и фитнес теретана, а предвидени се и седум подготвителни натпревари, вклучувајки ги тука и натпреварите на Струшкиот турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА