Металург стартуваше со работа, од понеделник тимот ќе се комплетира (ФОТО)

Македонскиот ракометен прволигаш Металург вечерва го одржа првиот состанок пред новата сезона. Тренерот Зоран Кастратовиќ засега го има на располагање само македонскиот дел од тимот, додека остатокот од екипата ќе пристигне во текот на викендот, па од понеделник Металург ќе биде комплетен, објави клубот на официјалниот сајт.

Според протоко­лот за тре­ни­ра­ње во са­ла, што го под­го­тви РФМ, во оваа фа­за од подгото­вки­те Металург ќе ја кори­сти са­мо сала­та, но не и соб­ле­ку­вал­ни­те. Во са­ла­та игра­чи­те ќе доаѓаат под­го­тве­ни за тре­нинг, а по тре­нин­гот се­кој веднаш ќе си за­ми­не до­ма. Во са­ла­та ќе би­де за­бра­нет пристап за над­во­реш­ни ли­ца.

Со тренинзи Металург ќе почне утре, а ќе се тренира во две помали групи од по 5,6 ракометари. Тимот ќе тре­ни­ра во Скоп­је се до 30 ју­ли, а по­тоа ќе за­ми­не за Ма­вро­во ка­де што до 11 август ќе се посвети внимание на тех­нич­ко-та­ктич­ка под­го­то­вка на екипата, по што ќе сле­ду­ва настап на тур­ни­рот во Стру­га.

На 28 ју­ли Металург ќе го доз­нае про­тив­ни­кот во 1. ко­ло од ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Ли­га Евро­па. Сезона­та во Суперли­га­та тре­ба да поч­не на 12-13 септем­ври.

Се вчитува...