Вардар е на врвот на Европа, а Металург е подмладен и желен да напредува. Но, треба уште многу да учат „металурзите“ за да го достигнат нивото на тимот што го предводи Раул Гонзалес. Доволен доказ за тоа е убедливиот триумф од 23-32.
На стартот на новата сезона во СЕХА – лигата, „вардарци“ покажаа суров квалитет и не му дозволија на македонскиот ривал ниту да се понадева дека може да направи чудо. Тимур Дибиров со пет и Хорхе Македа и Вуко Борозан со по четири гола беа најефикасни во составот на Вардар. Кај Металург, најпрецизен беше Жарко Пешевски со максимални пет од пет.
[new_royalslider id=”754″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА