Македонскиот претставник Металург со убедлив пораз (30-20) се враќа од гостувањето против Татран Прешов во СЕХА-лигата. Тимот на Данило Брестовац имаше сили за сериозен отпор во првите дваесетина минути, а потоа Татран Прешов го засили темпото и на полувреме замина со пет гола предност (16-11).
Потоа се беше рутина за домашпниот состав кој имаше и многу поголеми амбиции за триумф. Јакуб Хрстка со седум погодоци беше најефикасен во тимот на Татран Прешов, а Никола Костески постигна два гола против својот некогашен клуб. Димитриоски и Токиќ со по четири гола беа лидери во составот на Металург на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА